Енергетската криза ја влоши финансиската состојба на КЕШ

Енергетската криза, во која се најде Албанија поради минималното домашно производство и неповолната хидрологија, ја влоши финансиската состојба во албанското елекстростопанство.
Албанската државна компанија за електрична енергија КЕШ соопшти дека во првото полугодие од годинава евидентирала загуба во износ од 328,5 милиони леки или околу три милиони долари.
- Ова е првпат по неколку години да бележиме загуба. Во изминатите две години годишната добивка на КЕШ се движеше од седум до 10 милиони долари, што се должеше на извозот како резултат на максималното производство на електрична енергија, соопштија од компанијата.
Официјалните податоци потврдуваат дека во првото полугодие од годинава, прозводството на електрична енергија е за 26 проценти помало, што значително ги намали приходите на КЕШ како најголем производител во земјата.
Од друга страна, компанијата продолжи со подмирување на каматите на кредитите земени во изминатите години. Така, во овој извештаен период КЕШ платил околу осум милиони долари на име камати за долговите кон банките и други финансиски институции.
КЕШ не е единствена јавна компанија погодена од енергетската криза. И албанската Електродистрибуција поради високите трошоци за увоз на струја забележала значителен пад на добивка во првите шест месеци од годинава.
Ваквата ситуација ја принуди Владата со ребалансот на буџетот да издвои дополнителни три милијарди леки за енергетскиот сектор
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
