ЕМОТИВНО: Додека малото девојче било на лекување заради тумор, соседите направија чудо
Добродушни лица се обединија за да му го разубават животот на семејство на девојче кое има тумор. Додека малата Емили Кесиди, на која ѝ бил дијагностициран тумор зад окото, била на лекување во Флорида заедно со мајка си Луси, нивните соседи од Бирмингем, Англија, „провалиле“ во нивниот дом за да го реновираат.
Под раководство на Џорџи Мосли, која испратила апел за помош преку социјалните мрежи, домот на семејството Кесиди потполно бил трансформиран. Со волонтери и донации од над 40 фирми, Џорџи успеала да ги поправи сите разрушени ѕидови, да ја отстрани мувлата и да го направи ентериерот модерен и функционален.
„Проблем не беше само изгледот, тоа всушност беше опасно место за живеење. Домот треба да биде место за одмор, особено кога постојано си низ болници. Сега тоа е убаво место во кое ќе можат да уживаат како семејство. Се надевам дека тоа ќе им помогне здравствено и психички. И на сестрите на Емили им е многу тешко“ – изјавила Џорџи.
Повеќе фотографии на ФЕМИНА.МК
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови