Емиратите заинтересирани за унапредување на економската соработка со Македонија

Министерот за економија Дритон Кучи оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија со седиште во Рим, Сагер Насер Алраиси. На средбата, одржана викеднов, со амбасадорот, министерот Кучи ја истакна досегашната добра соработка меѓу двете земји, согласно досегашните договори за соработка кои претставуваат основа за интензивирање на економските односи и привлекувањето инвестиции, во интерес на двете земји.
Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти денеска Министерството за економија, Алраиси изрази подготвеност за унапредување на соработката во повеќе области, особено во областа на трговската размена, научната и технолошката соработка, како и соработката во областа на земјоделството и туризмот, а министерот Кучи ги претстави условите за инвестирање во Република Македонија и дел од проектите кои би можеле да бидат атрактивни за арапските бизнисмени.
Министерот и амбасадорот изразија задоволство од средбата и заемно уверување дека во периодот што следува ќе се изнајдат нови форми за проширување на билатералната соработка во области кои ќе бидат од заеднички интерес.
Ново на Сител
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
