Емиратите ја лансираа првата ракета на Марс

Обединетите Арапски Емирати денеска ја лансираа својата прва мисија на Марс од космодромот во Јапонија, што е исто така прва меѓупланетарна мисија на арапска земја.
Лансирањето на ракетата наречена „Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови.
Ракетата ќе носи инструменти за проучување на горното ниво на атмосферата и следење на климатските промени на Марс, а околу оваа планета треба да кружи најмалку две години.
Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди.
– Мисијата на ОАЕ чини 200 милиони долари, рече министерката за напредни науки Сара Амири.
Обединетите Арапски Емири досега лансираа три набљудувачки сателити, но ниту еден не излегол од орбитата на Земјата.
Јапонија има своја мисија на Марс, која е планирана за 2024 година.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
