Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо

Американскиот музичар и продуцент Маршал Метерс, попознат како Еминем, објави дека неговата ќерка Хејли Џејд Метерс го чека своето прво дете, и тоа преку новиот спот за песната „Temporary“.
Во видеото, Хејли, инаку исто така музичка уметница и водителка, на татко си му дава син дрес од Детроит Лајанс со број 1, а наместо име стои натпис „Дедо“ на грбот. Зачудениот рапер потоа држи и слика од ултразвук.
Музичкото видео содржи монтажа на домашни видеа од детството на Хејли и младоста на Еминем, како и снимки од нејзината неодамнешна венчавка со Еван Меклинток.
Набргу по објавувањето на видеото, Хејли на Инстаграм објави низа слики од ултразвук, со порака дека бебето треба да се роди следната година. Таа и Меклинток се заедно од 2016 година. Се свршија во февруари 2023 година, а во брак се од мај.
Ново на Сител
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
