Емил Милев избран за заменик-претседател на Советот за товарен транспорт на ИРУ
Директорот на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ Емил Милев е избран за заменик-претседател на Советот за товарен транспорт на Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ.
- На генералното собрание на оваа најголема транспортна асоцијација во светот со седиште во Женева, Милев е назначен на висока позиција во едно од најзначајните тела на ИРУ, со што на АМЕРИТ како и на Република Македонија им се оддава високо признание и почит за досегашното активно учество во работењето на разните комитети и совети на ИРУ, како и за заедничката организација на АМЕРИТ и ИРУ на неколку транспортни работилници и конференции во нашата земја и во регионот, соопшти АМЕРИТ.
Емил Милев има долгогодишно работно искуство во Царинската управа на Република Македонија, на повеќе различни позиции, а имаше свој ангажман и во СЕКИ Центарот во Букурешт како офицер за врски на Република Македонија.
Членовите на ИРУ на состанокот во Женева едногласно го реизбраа Кристијан Лабро за претседател на Меѓународната унија за патен транспорт ИРУ, за втор двегодишен мандат, до крајот на 2019 година.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници