ЕМА: Две дози вакцина се ефикасни против делта сојот на Ковид-19
Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека две дози од вакцините одобрени во ЕУ се ефикасни против делта сојот и препорачува да се комплетира вакцинацијата на најранливите лица што побргу, јави дописничката на МИА од Брисел.
Докторот Марко Кавалери од ЕМА порача дека агенцијата е свесна дека новата мутација на вирусот, позната како делта, брзо се шири во Европа и дека во овој момент вакцинацијата се чини единствен начин да се спречи нов смртоносен бран како претходните.
– Се чини во овој момент дека целосна вакцинација со вакцина одобрена во ЕУ заштитува против сите соеви на вирусот, вклучително и делта сојот, докази од реалниот свет покажуваат дека две дози заштитуваат од делта сојот, а во лабораторија се покажува дека антителата исто така го неутрализираат, изјави Кавалери.
Тој побара од властите во земјите на ЕУ да продолжат со мерки за заштита на јавното здравје со посебен фокус на најстарите и најранливите категории граѓани за да се спречи дополнително ширење на вирусот подоцна во текот на оваа година.
ЕМА потврди дека мешањето на вакцини за двете дози е исто така ефикасно за намалување на ризикот и заштита против сите соеви на Ковид-19.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер