Фудбал
5. August 2019 - 11:15

Елмас заработи насловна по добрата игра со Марсеј

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз настапи во дресот на Наполи на пријателскиот дуел со Марсеј кој италијанскиот тим го доби со 1-0.
Елмаз беше стартер и го одигра провото полувреме на високо ниво а учествуваше и во акцијата по која Мертенс го постигна единствениот погодок.
За добрата игра Елмаз заработи место на насловната страница на „Кориере дело спорт“ а доби и пофалби од тренерот Анчелоти.