-->
-->
Ељиф Елмас дебитира за Фенербахче
-->
Младиот македонски репрезентативец Ељиф Елмас, го имаше своето деби за новиот клуб Фенербахче.
Турскиот гигант синоќа одигра пријателски натпревар против италијански тим Каљари, а нашиот репрезентативец настапи во целиот тек на второто полувреме.
Како што пренесуваат медиумите во Турција, Елмас, бурно беше поздравен од присутната публика и за секој допир со топката добиваше овации од трибините.
Мечот заврши во полза на турскиот гигант, а стрелец на единствениот гол беше француската ѕвезда, Валбуена.
Сепак, 17-годишниот македонски репрезентативец ќе мора да почека за своето официјално деби во новиот дрес, бидејќи има проблеми со строгите правила на ФИФА.
Инаку, турскиот гигант е противник на македонскиот шампион Вардар во плејофот за место во групната фаза во Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор