Ракомет
8. December 2021 - 10:37

ЕЛ: Голема победа на „фармацевтите“ од Битола

Еурофарм Пелистер продолжи со одличните игри во Европската лига на ЕХФ, откако во распродадената сала „Боро Чурлевски“ во Битола стигна до голема 31:25 (14:13) победа над Спортинг Лисабон, за да го поминат португалскиот клубн а второто место во групата Д, зад фаворитите Ним.
 
По ремито на гости во Португалија, тимот на Жељко Бабиќ беше мотивиран да стигне до победа на домашен терен и во второто полувреме успеаја да го надиграат противникот за трета победа во шест кола во Европската лига. Во првото полувреме, Спортинг имаше три гола предност (5:8), но Пелистер се вратија за 14:13 водство на полувреме.
 
Стипе Мандалиниќ и Јосип Периќ го предводеа Пелистер до победа со по седум постигнати голови, додека за гостите,  Салвадор Салвадор постигна шест гола.
 
ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
 
ГРУПА Д
 
Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон 31:25
 
АЕК – Кадетен 28:31
 
Татабања – Ним 30:38
 
Фото: РК Еурофарм Пелистер