Еквадор: Не знаевме за какво било барања за екстрадиција на Асанж

Еквадор не бил запознаен за какво било барање за екстрадиција на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, пред да му биде укинет азилот во амбасадата на таа земја во Велика Британија, соопшти денеска еквадорскиот министер за надворешни работи Хозе Валенсија.
-Во време кога е донесена одлуката за укинување на азилот, постоеше само случај во Велика Британија за кршење на условите за кауција, рече Валенсија во обраќањето пред Парламентот во Кито.
Еквадор претходно соопшти дека на Асанж му го укинал азилот во амбасадата, како и еквадорското државјанство, бидејќи тој и Викиликс се мешале во внатрешните работи на таа земја.
САД мораат на Велика Британија да и достават барање за екстрадиција на Џулијан Асанж до 12 јуни, изјави денеска британскиот судија задолжен за случајот на основачот на Викиликс, Мајкл Сноу.
Асанж се појави пред судот во Вестминстер откако беше изнесен од Амбасадата на Еквадор и уапсен за прекршување на условите за кауција пред речиси седум години, кога беше наложена неговата екстрадиција во Шведска, под обвинение за силување.
Ново на Сител
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
-

Нема привремено решение за камионџиите, правилото 90/180 останува да важи
-

Јаневска: Усвоивме дел од забелешките за Законот за високо образоваине
-

Македонија се приклучи на спортските игри за млади
-

Сиљановска го пречека Бегај
