Македонија
14. August 2015 - 16:17

Експресно решен проблемот на жителите во Долнени

Неполни 2 дена по даденото ветување од премиерот Груевски - саниран патот во прилепско Долнени.

При посетата на општината, Груевски нагласи дека ќе го ангажира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, да го реши проблемот со делницата полна со дупки.

Еден ден подоцна екипите започнаа да работат на санција. По дводневните теренски активности, патот е веќе саниран.

Граѓаните на прилепско видно задоволни од реконструкцијата, но и од финализацијата на изградбата новиот пат меѓу селата Дупјани и Мрморани кој вредеше 22 милиони денари. Велат, новата патна инфраструктура значително ќе им го подобрат животот.

Владата во последните 2 недели е интензивно на терен, каде ги пронаоѓа и решава секодневните проблеми на граѓаните.