Експлозија во танкер и загинати работници во пакистанското бродоградилиште Гадани

Во експлозија на танкер за нафта во бродоградилиштето Гадани, на југозапад од Пакистан, денеска погинаа најмалку 11 работници, а ранети се повеќе десетици, информира пакистанската полиција.
Како што пренесува Танјуг, до експлозијата на танкерот дошло додека работниците расклопувале стар брод во бродоградилиштето Гадани, изјави полицискиот претставник Мохамад Абдулах.
Повеќе десетици работници останале заробени во бродоградилиштето, додека неколкумина од нив скокнале во морето кога огнот се распламтел, додаде тој.
Веднаш по несреќата, пакистанскиот премиер Наваз Шариф во соопштение изрази жалење за „загубата на драгоцените животи“.
Тој на власите им нареди да ја прошират спасувачката операција и на оние кои се наоѓаат на запалениот брод, а од медицинските работници да обезбедат најдобри можни услови за лекување на повредените.
Гадани е едно од најголемите бродоградилишта во светот, основано во седумдесетите години од минатиот век.
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
