Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
Експлозија во магацин за пиротехника во бугарскиот град Елин Пелин, кај Софија. Според информациите, повредени се две лица.
Се работи за маж (48) и девојка (20). Двајцата се здобиле со изгореници од трет степен.
„Изгорениците од трет степен значат оштетување на ткивото и кожата во состојба кога таа паѓа“, објасни директорот на Ургентниот центар, д-р Валентин Димитров.
На лице место имало пет возила на брза помош.
Министерот за внатрешни работи Калин Стојанов изјави дека има големи шанси во магацинот да има уште две лица.
„Ситуацијата е многу сериозна. Станува збор за компанија која се занимава со пиротехнички производи. Има шест магацини кои се полни со такви производи. Пожарникарите досега успеаја да ги евакуираат сите тешко повредени лица“, рече министерот.
Тој рече дека нема можност да се вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот.
„Доколку овие магацини се навистина полни, веруваме дека уште долго ќе татнеат“, рече Стојанов.
Според првите извештаи, пожарот избувнал во три магацини.
Се очекува истрагата и увид ќе се направат откако пожарот целосно ќе биде изгаснат.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот