-->
-->
Експлозија во центарот на Мелитопол
-->
Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, украински град кој е под контрола на руските сили, соопшти градската воено-цивилна администрација.
Во соопштението се наведува дека граѓаните пријавиле дека се слушнала силна експлозија, и оти се проверува дали има жртви. Владимир Рогов, член на главниот административен совет на регионот Запорожје, рече дека станува збор за автомобил-бомба.
– Според непотврдени информации експлодирал автомобил, изјави Рогов. Експлозијата била толку силна што возилото се распаднало на два дела, соопшти Рогов на својот канал Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати