Свет
13. May 2017 - 9:33

Експлозија во центарот на Кабул, има жртви

Двајца државни службеници загинаа, а двајца се ранети во бомашки напад, извршен изутринава за време на сообраќајниот метеж во авганистанскиот главен град Кабул.

Полицијата соопшти дека експлодирала рачно изработена бомба, која била ставена на минибус, кој превезувал вработени на градската водоводна компанија.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Авганистанската Влада неодамна им нареди на државните службеници во текот на сообрајаќните метежи да користат градски превоз или приватни возила, откако изминатите години бе извршени неколку смртоносни напади врз службени автобуси.