Експлозија во центарот на Гевгелија, едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот по експлозија која се случи попладнево околу 16 часот во продавницата на „Заре Комерц“ во центарот на Гевгелија. Неофицијално експлозијата е од плинска боца, а повредени биле уште три лица.
Противпожарната единица од Гевгелија и три екипирани возила на брза помош веднаш по дојавата интервенирале на терен. Според пожарникарите експлодирала плинска боца во продавницата, а од гевгелиската Општа болница информираа дека сите повредени биле веднаш префрлени на хирушкото одделение и потврдија дека еден има средно тешки изгореници од прв и втор степен, а двајца се полесно повредени. По санирање на повредите, од болницата велат дека пациентот со изгореници најверојатно со амбулантно возило ќе биде префрлено на лекување во клиничкиот центар во Скопје.
Истрагата за причините за тоа како дошло до експлозија ќе бидат познати по завршувањето на увидот кој е во тек.
Ново на Сител
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
