Експлозија на гас во Волоград, едно лице загина
Едно лице загина, а осуммина се повредени во експлозија на гас во станбена зграда во рускиот град Волгоград, соопштија денеска локалните руски власти.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградата за да утврдат дели некој останал заробен по експлозијата, пренесуваат руските медиуми.
Експлозијата на седмиот кат во деветокатницата во Волгоград, која се наоѓа на 900 км југоисточно од Москва, се случила вчера околу пладне.
При експлозијата е уништен речиси целиот надворешен ѕид на зградата на едната страна, а огнот се поширил и на другите катови.
Директорот на Службата за вонредни ситуации во Волоград, Олег Гребењук, за медиумите изјави дека е пронајдено телото на една жртва, како и дека се верува дека под урнатините се затрупани уште десетина лица.
Во делот на зградата во која се случила експлозијата живееле околу 150 луѓе, а евакуираните граѓани се сместени во локалното училиште.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје