Експлозија и престрелки во Кабул

Група вооружени лица денеска извршија напад во близина на зградата на Министерството за телекомуникации на Авганистан во центарот авганистанскиот главен град Кабул.
Очевидци на настанот за западни медиуми изјавија дека прво се слушнала експлозија, по што уследила престрелка меѓу „неколкумина вооружени лица“ и припадници на авганистанските безбедносни сили.
Информацијата за нападот ја потврдија и официјални авганистански претставници, но засега нема податоци за евентуални жртви.
Денешните борби во Кабул следат по вчерашното откажување на разговорите меѓу претставници на авганистанското општество и талибанците во катарскиот главен град Доха.
Тоа требаше да бидат први разговори меѓу претставници на авганистанската Влада и талибанските бунтовници, со цел изградба на мерки на доверба и разгледување на можноста за отпочнување преговори за ставање крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан.
Ново на Сител
-

Обвинителот Игорчо Крстов бара Ива Михаилова јавно да се извини за клеветењата
-

Во некои одделенија и по 10 ученици немаат втора доза на МРП вакцина
-

Преглед на вестите од светот
-

Ребалансот на буџетот и Законот за јавни набавки со над 2000 амандмани на Собраниска седница
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела
-

Македонија на прво место во сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
-

Неопходно е поголемо спознавање на сопствената историја
