Експлозија го потресе Монако - меѓу тројцата повредени и еден од најбогатите Украинци

Богат украински бизнисмен е еден од тројцата повредени во експлозија на влез во станбена зграда во Монако, покажуваат денешните медиумски извештаи, додека властите ги истражуваат причината за инцидентот и го бараат осомничениот.
Властите во кнежеството соопштија дека три лица се ранети, а локалните медиуми објавија дека две се во критична состојба. Идентитетите на жртвите не се официјално потврдени, пишува ДПА.
Но, еден од тешко повредените е украинскиот олигарх Вадим Јермолаев, кој престојува во Монако како „ВИП бегалец“ од почетокот на војната во Украина, изјавил извор близок до истрагата за „Ле Фигаро“. Во моментот на експлозијата, тој се враќал во зградата каде што живеат со својата партнерка и синот тинејџер. Во експлозијата повреди и шок претрпеле и други лица.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
