Експертска дебата за борба против дискиминацијата
Експерти од Македонија и Словачка денеска во Скопје ќе дебатираат за борбата против дискриминацијата, што значително ги ограничува потенцијалите на едно општество и го оневозможува остварувњето на основните права на поединците како припадници на определени групи.
Дебатата на тема „Преку не-дискриминација до еднакви можности: европската легислатива и националните политики и практики“, се организира во рамки на четвртата сесија на Работната група 2, за социјална политика и вработување – Поглавје 19, од Националната конвенција за ЕУ во Република Македонија.
Посебно внимание ќе се посвети на директивите на Европската унија за спречување на дискриминација во повеќе области. Борбата против дискриминацијата врз основа на етничка или расна припадност, вероисповед, род, сексуална ориентација, постоење ментална или телесна попреченост, политички уверувања или партиска припадност е исклучително значајна област во Поглавјето 19 за социјална политика и вработување.
Државите кандидатки за пристапување кон Унијата треба да создадат правни, ресурсни, материјални и други услови за секој да добие шанса за остварување на своите потенцијали. Едно добро закондовство кое би се спровело на соодветен начин би можело да оствари поголемо влијание во надминувањето на предрасудите врз кои се темели дискриминацијата.
За остварување на принципите се предлагаат бројни политички, економски и културолошки алатки кои ќе бидат дисутирани на претстојната сесија.
Ново на Сител
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
-

Во Прилеп одбележани 84 години од Дабничкиот масакр кога бугарскиот фашистички окупатор уби 18-мина кај с. Дабница
-

Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка

