Експерти: Нема ниту комплетен Парламент, ни Уставен суд за разрешување на претседателот Мета според Уставот
Откако претседателот Илир Мета го објави поништувањето на уредбата за спроведување на локаланите избори на 30-ти јуни експресно владејачката Социјалистичка партија и нејзниот лидер и премиер Еди Рама, го повторија својот став дека избори ќе има на закажаниот термин и најавја дека в четврток ќе почнат постапка во Парламентот за разрешување на претседателот.
Според експертите по уставно право тоа е невозможно во отсуство на комплетен собрански состав од 140 пратеници и нефункционирање на Уставниот суд во земјата.
По откажувањето на пратеничките мандати од страна на опозицијата пополнувањето со други пратеници од кандидатските листи на опозицијата парламентот сега бори 126 пратенци. Уставниот суд,пак, поради не поминување низ процесот на ветинг,односно неможност судиите да го оправдаат потеклото на имотот,Уставниот суд, од девет колку што треба да брои има само еден судија.
Но,што предвидува Уставот за тоа кога може шефот на државата да биде разрешен.Тоа е наведено во член 90 од Уставот.
– Претседателот на Републиката може да биде разрешен поради сериозно прекршување на Уставот и извршување на тешко кривично дело. Предлог за разрешување на Претседателот во вакви случаи може да поднесат не помалку од една четвртина од вкупниот број пратеници и истиот мора да биде поддржан од не помалку од две третини одвкупниот број пратеници. Одлуката на Собранието се доставува до Уставниот суд, кој, кога ја потврдува вината на претседателот на Републиката, го прогласува неговото разрешување од функцијата,-стои во член 90 од Уставот на Република Албанија.
Во вакви околности, на нефункционрање на Уставниот суд и некомплетен парламентарен состав, се чини дека патот на владеачкото мнозинство е покомплциран и се очекува да се бараат други начни што го овозможуваат тоа.
Во меѓувреме премиерот Рама имаше 90 минутна средба со странските дипломати во Тирана,но засега нема нформации за тоа што е разговарано.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп