-->
-->
Експерт: ИД има пет пати поголем потенцијал за тероризам од Ал Каеда
-->
Во интервју за весникот „Шпигел“ еден од водечките германски експерти за борба против тероризмот Петер Нојман вели дека за успех против терористите неопходна е подобра размена на информации меѓу полициските служби и службите за разузнавање.
- Европа долго време сметаше дека Исламската држава ќе организира поединци таканаречени „осамени волци“ за своите терористички напади, поради што голем број служби за безбедност беа изненадени од комплицирани напади изведени за кратко време од добро организирани групи, смета Нојман.
Според неговите инфорамации никој освен британските служби не го антиципирале ваквиот развој на настаните и нападите во Париз и Брисел.
Според него американските служби биле свесни за овој курс но тие секогаш предупредуваат на многу различни сценарија, поради што ова што сега се случува не било ни разгледувано сериозно од најголем број служби.
Тој не ја исклучува можноста Исламската држава да користи поединци, кои би биле радикализирани и кои би работеле на своја рака, но тоа според него не е единственото сценарио на ИД.
Нојман вели дека во јануари 2015 година ИД составила терористички тим во Сирија и го испратила во Европа за да врши терористички напади, што не било откриено од западните служби.
Според Нојман меѓу 5.000 и 6.000 Европејци патувале во Сирија да се борат за ИД, во Сирија или Ирак. Околу 15 отсто од нив се убиени, а меѓу 25 и 50 проценти се веќе вратени.
Нојман вели дека не секој од повратниците сака да ја продолжи борбата, но во овој случај за разлика од Ал Каеда пред 10 години која имала 200 борци, сега бројот на потенцијални терористи е близу 1.000.
- Напаѓачи не мора да се само повратници, туку тие можат да бидат и поддржувачи во Европа и луѓе што никогаш не патувале во Сирија, како на пример фатениот Салах Абдеселам, смета Нојман.
Германскиот експерт вели дека не постои централна дата база со сите поединци и осомничени, кои може да претставуваат закана за јавната безбедност.
- На листата која што беше подготвена од Левицата во Бундестагот има околу 2.000 имиња, но тоа не е ниту поливина од европските џихадисти, кои се борат во Сирија и Ирак, вели Нојман, според кого само пет држави доставила податоци за оваа листа.
Според него проблемот не е технички, туку политички затоа што дури и за базата на Интерпол за украдени и загубени пасоши нема соодветна соработка меѓу државите.
- Ако ЕУ сака да има отворени граници и Шенген систем тоагаш мора да се соработува соодветно и во тој контекст и Германија прави премалку, смета германскиот експерт.
Во неговата најнова книга „Новите џихадисти“, Нојман предупредува дека Европа се соочува со бран на тероризам. кој ќе биде активен во наредниве децении.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ