Бизнис
7. February 2018 - 10:31

Економска апокалипса во САД: Изгубени 4 милјарди долари!

Тридневнот пад на индустрискиот индекс Дау Џонс доведе до потрес на сите светски берзи, а загубите би можеле да имаат тешки последици.

Најмалку четири милјарди долари се загубени вчера по најголемиот пад на индустрискиот индекс Дау Џонс на Њујоршката берз од светската економска криза во 2008 година.

Крахот на берзата почна во петокот, кога Дау Џонс на Вол стрит падна дури за 666 поени, и е продолжен со драматичен пад од 1.600 поени во понеделникот и дополнителни 547 поени веднаш по отворањето во вторникот, што доведе до загуба на сите светски берзи - од Австралија до Велика Британија.

Меѓу економистите завладеа паника зошто ова е само вовед во вистинска економска апокалипса.

Преголем долг

-Дефицит од милјарда долари е на повидок, што ќе предизвика долгот на владата на САД, како дел од бруто општествениот производ, да надмине 100 отсто. Ова ќе ги скрши и берзите и економијата, предупреди економскиот аналитичар Џорџ Магнус.

Извршниот директот на Барклиз Џес Стејли, пишува лондонски Експрес, предупреди дека светот е пред голема економска криза и дека се потсетува на 2006 година.

-Најголема опасност е тоа што ако се случи финансиски крах, немаме никаков план како да се избориме со тоа, рече Кенет Рогоф, професор по економија на Харвард.

Сепак, многумина ја смируваат јавноста и тврдат дека овој пад е само корекција на пазарот, а не и почеток на хаосот.

-Ова се краткорочни колебања на пазарот, претседателот на САД Доналд Трамп е фокусиран на долгорочните економски основи, кои и натаму се исклучително силни, рече Сара Хакаби Сандерс, портпарол на Белата куќа.

Факти: Од злато до биткоини

-Цените на нафтата продолжија да слабеат, при што цената на северноморската нафта „брент“ достигна едномесечен минимум пред да се стабилизира на нивото од 67,21 долар по барел.

-Цената на Фјучерс американската сирова нафта опадна за 0,6 отсто, на 63,87 долари по барел, додека цената на златото е во благо покачување и достигна ниво од 1.340 долари по унца.

-Биткоинот вчера загуби уште 13 отсто од вредноста, спуштајќи се на 5.920 долари. Во декември биткоинот вредеше 20.000 долари.