„Економист“: Договор со ЕУ за политичката криза

Четирите најголеми политички партии постигнаа договор на 14 јули, со посредство на ЕУ, со што се смири политичката криза, која траеше шест месеци. Со договорот се поставува рамка на политички настани кои треба да претстојат во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април 2016 година, пишува „Економист“.
„Економист“ ги пренесува и сите точки кои се предвидени во договорот и анализира што ќе резултира од договореното и како овој договор влијае на целокупната политичка клима во Македонија. Директното мешање на ЕУ во организирањето на политичкиот живот, според весникот, покренува загрижувачки прашања во однос на суверенитетот на државата и може да заврши со поткопување на демократијата во земјата.
- Со оглед на вмешаноста на ЕУ во политичкиот живот на многу балкански земји, што станува еден вид норма во последниов период (вклучувајќи ја и Грција), многу набљудувачи не ја доведуваат во прашање улогата на ЕУ. Но, сепак, таквото отворено мешање може и да не биде добро за демократијата во Македонија, оценува весникот.
Угледниот весник ги анализира и однесувањата на политичките лидери по постигнатиот договор, посочувбајќи дека и двете страни прогласија победа по потпитувањето на договорот.
- Опозицискиот лидер, Зоран Заев изјави оти техничката влада била една од клучните барања, со што ќе се овозможи на СДСМ да има влијание и моќ во Владата пред изборите, истовремено, и оставката на Никола Груевски беше едно од барањата на опозицијата.Од друга страна пак, господинот Груевски изјави дека успешното разрешување на политчката криза, ќе ја врати Македонија на евро-атланскиот пат и интеграција. Решавањето на политичката криза, според Иво Вајгл, словенечки пратеник во Европскиот парламент, ќе значи дека Македонија може да очекува зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, по речиси декада на подготовки, се наведува во текстот.
Истражувањата на јавното мислење, пак, се вели, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ останува партија со најголем рејтинг
- Иако со договорот се предвидува ВМРО-ДПМНЕ да ја дели власта со СДСМ, господинот Груевски остана позитивен во неговите јавни изјави и настапи. Тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите во април 2016 година. Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека СДСМ е на второто место доколку во моментов се одржат избори, пишува „Економист“.
Се наведува и дека локалите медиуми во Македонија, пренесуваат дека СДСМ барала техничка влада подолг период од 6 месеци, се со цел за да може да се подготви и претстави пред електоратот.
Весникот наведува и дека истражувањето на јавното мислење, кое се спроведе во периодот од 6-16 јули од страна на ИРИ покажа дека политичкиот скандал имал многу мало влијание врз јавното мислење на граѓаните и не било во корист на СДСМ. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 23% од испитаниците, додека пак СДСМ 11%. Тоа значи дека и покрај „бомбите“ на СДСМ, владејачката партија останува попопуларна од СДСМ и тоа со два пати поголема поддршка.
Иако договорот не прави ниту една од страните целосно среќна, според анализата, кохабитацијата до изборите закажани за април 2016 година е можна доколку партиите делуваат со добра волја.
- Најпроблематична точка за можно несогласување ќе биде именувањето на јавен обвинител на 15 септември, кој треба да го истражи скандалот со прислушувањето. Сите политички партии мора да се согласат со изборот на јавниот обвинител. Неуспехот да се договорат може да биде искористен за манипулација во политички цели, посочува „Економист“.
Ново на Сител
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
