Македонија
5. September 2015 - 10:08

Еколошка катастрофа: Голем помор на риби на езерото Мантово!

Голема еколошка катастрофа се случува во езерото Мантово.
 
Рибиловниот клуб „Крап“ од Радовиш во текот на вчерашниот ден добивал постојано повици од спортски и рекреативни риболовци дека во езерото Мантово се случува еден невиден помор на рибите.
 
-Излеговме на терен и ја увидовме состојбата – но што видовме илјадници килограми риби пливаа изумрени на површината и со самите бранови донесени на брегот почнуваа да се распаѓат од високата температура. Ова можеме да кажеме дека е една од најголемата еколошки катастрофи која се има случено на ова наше езеро, на која досега никој немаше реагирано до надлежните институции, овластените лица и правни субјекти, се вели во соопштението од риболовниот клуб.
 
Оттаму велат дека надлежните институции, како и концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд биле известени за поморот на риби.
 
Риболовниот клуб „Крап“ апелира веднаш да бидат превземени соодветни мерки, да се земат примероци и да се утврди причината за поморот на рибите.