Македонија
19. March 2026 - 12:34
Екологистите алармираат дека години наназад на потегот од Струга до Калишта се пустоши трската
Со поставување на камери и други технички средства може да се заштити трската од палење долж струшкото крајбрежје. Екологистите алармираат дека години наназад пред почетокот на летната сезона на потегот од Струга до Калишта се пустоши природното богатство иако е забрането со закон.
Екологистите забележуваат дека трската намерно се пали, со што се расчистува терен за приватни парцели и изградба на плажи.
Трската преставува филтер на езерото, ја прочистува водата, рибите таму се размножуваат, а во неа живеат многу птици и други животни.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
