Македонија
4. January 2026 - 16:35

Еко патролни тимови ќе ја заштитуваат Галичица

Нови еко патролни тимови ќе ја заштитуваат планината Галичица ќе помагаат во  спречување на нелегални активности, шумски пожари и несреќи но ќе се грижат и  за биодиверзитетот, и зачувувањето на природното наследство .

 За поголема контрола и побрзо превентивно делување ќе се воспоставува волонтерски механизам кој ќе може да ги зголеми капацитетите на националниот парк.

По катастрофалните пожари изминативе години расте бројот на лица кои сакаат да волнтираат но  основен предуслов да се  вклучат е да видат од другата страна дека има некој кој се  грижи за  нивната безбедност.

 Инаку во охридскиот регион има нешто повеќе од 30 тина волонтери пропратени со логистички тим .