Еко Маало, дигитална друштвена игра за ЕЕ и ОИЕ на „Еко Логик“
Играта Еко Маало, која претставува прва образовна друштвена игра за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) изработена од Здружението на граѓани „Еко Логик“, од денеска достапна е на онлајн плаформа „Tabletopia“ и може да се користи на смарт уреди: аndroid и аpple, како и на компјутери.
-Целта на играта е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот, велат од „Еко Логик“ и додаваат дека таргет група се граѓаните поголеми од 10 години.
Здружението на граѓани „Еко Логик“, во своето работење предвидува подобрување и унапредување на разни социјални проблеми и предизвици, преку теми што ги нема во редовната настава во училиштата, а се од огромна важност за морален, социјален, физички и еколошки развој на децата.
Во изминатите години на постоење, покрај останатите активности, здружението стана препознатливо и по поставување на едукативни друштвени игри кои имаат за цел преку интерактивен и забавен начин да ги зголемат знаењата на значајни теми како што се: енергетска ефикасност, животна средина, велосипедизам, градење на вредности, одржлив развој и сл.
Прилагодувајќи се на предизвиците на новото дигитално време, „Еко Логик“ започнува со дигитализација на игрите, со цел, како што велат, времето поминато на мобилните телефони и компјутери да биде квалитетно искористено.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници