-->
-->
Еко-акција за чистење на „Китино кале“ во Кичево
-->
Во Кичево денеска се спроведе еко-акција во организација на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), во парк шумата во центарот на градот „Китино кале“.
– Со денешната еко-акција, што беше во организација на ЛК СДММ Кичево, му го вративме сјајот на калето. Го исчистивме делот околу спомен костурницата и просторот каде што се организираат културни настани. Со оваа акција сакаме да ја подигнеме еколошката свест и општествената одговорност кај населението, рече Виктор Алексоски, преседател на локалниот клуб на СДММ во Кичево.
Инаку, на денешната еко-акција, покрај младите од СДСМ, се приклучија и други граѓани и љубители на природата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворени избирачките места во Унгарија
-

САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан
-

Г. г. Стефан: Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува
-

Православните верници го слават Велигден
-

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност

