ЕК свикува кризен состанок поради скандалот со јајцата
Европската комисија, извршен орган на Европската унија ќе свика вонреден состанок на министрите во врска со јајцата загадени со инсектициди во настојувањето да се стави крај на обвинувањата и омаловажувањата поради овој скандал, изјави денеска еврокомесарот, задолжен за здравство, Витенис Андриукајитис.

Тој истакна дека сака Холандија, Белгија и Германија да престанат со размена на меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за предизвикувањето паника поради фипронилот откриен во јајцата, хемикалија, која може да биде штетна за луѓето.
- Обвинувањата и прозивките нема да не доведат никаде и сакам тоа да престане, рече литванскиот еврокомесар.
- Предложив одржување состанок на високо ниво на надлежните министри и на претставници на агенциите за безбедност на храна на сите држави-членки вклучени во овој проблем, откако на располагање ќе бидат сите факти, рече Андриукајитис.
Контаминирани јајца се пронајдени во најмалку 11 земји-членки на ЕУ, откако на 1 август во јавноста се појави аферата, а милион јајца и производи на база на јајца се повлечени од полиците во супермаркетите ширум Европа.
Ново на Сител
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски: Додека сум премиер Македонија нема да прима мигранти
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
