ЕК свикува кризен состанок поради скандалот со јајцата
Европската комисија, извршен орган на Европската унија ќе свика вонреден состанок на министрите во врска со јајцата загадени со инсектициди во настојувањето да се стави крај на обвинувањата и омаловажувањата поради овој скандал, изјави денеска еврокомесарот, задолжен за здравство, Витенис Андриукајитис.
Тој истакна дека сака Холандија, Белгија и Германија да престанат со размена на меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за предизвикувањето паника поради фипронилот откриен во јајцата, хемикалија, која може да биде штетна за луѓето.
- Обвинувањата и прозивките нема да не доведат никаде и сакам тоа да престане, рече литванскиот еврокомесар.
- Предложив одржување состанок на високо ниво на надлежните министри и на претставници на агенциите за безбедност на храна на сите држави-членки вклучени во овој проблем, откако на располагање ќе бидат сите факти, рече Андриукајитис.
Контаминирани јајца се пронајдени во најмалку 11 земји-членки на ЕУ, откако на 1 август во јавноста се појави аферата, а милион јајца и производи на база на јајца се повлечени од полиците во супермаркетите ширум Европа.
Ново на Сител
-
Девојки евакуирани од Водно поради стадо диви свињи кое се движело по и околу нив
-
Мицкоски во посета на општина Битола
-
Повлечени „Сините знамиња“ од 22 грчки плажи
-
Изгоре автомобил во Струмица
-
Од мобилниот телефон на врховен судија против кого е отворен предмет добиени сознанија за друго можно кривично дело
-
Сиљановска Давкова во Пелице ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје
-
Скопјанец ограбил продавачка, па се вратил гол за да ѝ плати
-
Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија