ЕК: „Спутник V“ не е дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање
Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација.
Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба на вакцината во ЕУ и ЕУ стратегијата за вакцинација, преку која заеднички се нарачуваат вакцини за сите 27 земји-членки на Унијата.
– Стратегијата на ЕУ за вакцинација се развива и се применува во соработка со ЕК и со земјите-членки. Тие можат да одлучат да ја интегрираат новата вакцина во постоечкото портфолио, но во моментот не се разговара за тоа, истакна Мамер.
ЕК соопшти и дека во име на ЕУ веќе склучила договори за набавка на доволно вакцини (2,6 милијарди дози од шест компании), со што би се реализирала целта – да се вакцинираат 70 проценти од Европејците до крајот на летото.
Во Брисел истакнуваат дека при одобрување на вакцините не се раководат од геополитиката, туку со проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцините.
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека почна со испитување на вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, а руските власти соопштија дека се подготвени до јуни да обезбедат 50 милиони дози вакцини за граѓаните на Европска Унија.
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај