Фудбал
25. August 2015 - 8:22

Eибар ја „прегази“ Гранада

Фудбалерите на Еибар се лидери на табелата во Примера по комплетирањето на првото коло. Екипата која по административен пат остана во Примера, откако Елеч поради финансиски проблеми беше префрлен во Сегунда, славеше кај Гранада со 1:3.
 
Еибар се искачи на челната позиција во Примера бидејќи во првото коло ја забележа најубедливата победа.
 
Баскискиот тим во првите половина час против Гранада постигна два гола преку Адријан и Ескаланте.
 
На почетокот од вториот дел Гранада го намали резултатот преку Рочина, но надежите за евентуален пресврт на домаќинот му ги уништи Руис, кој во 56.минута поради вториот жолт картон мораше да ја напушти играта.
 
До крајот на натпреварот Еибар преку Аруабарена само ја потврди победата.
 
Еибар во наредното коло ќе го пречека баскискиот ривал Атлетик Билбао, а гранада ќе му гостува на Хетафе