-->
-->
ЕХФ Лига: РК Еурофарм Пелистер го совлада Мотор Запорожје со 33:30
-->
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Диселдорф го совладаа украински Мотор Запорожје со 33:30, а водство од два гола 18:16, имаа и на полувремето.
Битолчани оптимистички влегоа во натпреварот, но до победата не стигнаа лесно затоа што Украинците дадоа достоинствен отпор во текот на особено во првото полувреме кога се водеше рамноправна борба, но благодарение на раположениот Хенеберг кој постигна 14 голови, „фармацевтите“ се враќаат дома со два бода.
Тимот на Мотор Запорожје рамноправно ги распредели силите, а најефикасен во редовите на украинците беше Турченко со 7 постигнати голови.
Во следното, петто коло од ЕХФ ракометната лига, тимот на РК Еурофарм Пелистер повторно гостува и во Шпанија ќе се сретне со Бидасоа Ирун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце