ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат

Ракометарите на Шведска и на Унгарија одиграа нерешено 32:32 и дополнително се „заплеткаа“ работите за пласман во полуфиналето од групата 2. По денешните дуели Хрватска – Словенија 29:25 и Швајцарија – Исланд 38:38, Хрватска е лидер на табелата со 6 бодови и со најголеми шанси за полуфиналето. По 5 бодови имаат Шведска и Исланд, Словенија остана со 4, а Унгарија и Швајцарија имаат по два бода.
На последниот дуел Шведска испушти победа откако голманот Паличка го промаши празниот гол во последниот шут. Инаку, во самиот финиш по водството на Шведска со 30:28, Унгарија направи серија од 3-0 за предност, но со играч помалку во последната минута изборија нерешен резултат. Судиите од Германија прегледуваа ситуација за пенал за Унгарија, но донесоа одлука дека немало контакт за седум метри.
Утре во последното коло од групата 2 се играат дуелите: Исланд – Словенија, Хрватска – Унгарија и Шведска – Швајцарија, додека во групата 1 двојките се: Шпанија – Португалија, Германија – Франција и Данска – Норвешка.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
