Свет
11. April 2017 - 19:16

Египетскиот парламент одобри воведување вонредна состојба

Египетскиот парламент денеска одобри воведување тримесечна вонредна состојба во државата по бомбашките напади врз коптски цркви во два града во државата, јави државната телевизија.

Кабинетот на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчера побара од Парламентот воведување вонредна состојба.

Според Уставот, Парламентот мораше да го одобри предлогот на претседателот.

Во неделата бомби експлодираа во коптски цркви во градовите Танта и во Александрија, во кои загинаа најмалку 45 луѓе и над 100 беа повредени. За нападите одговорност презеде ИД.