-->
-->
Египет и Јордан повторно преку воздух доставија хуманитарна помош за Појасот Газа
-->

Воени авиони на Египет и Јордан денеска продолжија да доставуваат хуманитарна помош над северниот дел на Појасот Газа.
Операцијата се совпадна со иницијативата на Египет и на Обединети Арапски Емирати за воспоставување на воздушен мост за снабдување на населението во Појасот Газа со храна, лекови и други материјали.
Египет првата хуманитарна помош од воздух ја достави на 27 февруари, а потоа уследија уште три на 29 февруари и на 3 и на 6 март. Портпаролот на египетската армија минатата недела најави вклучување во акцијата испорака на помош за Појасот Газа по воздушен пат, на Јордан, САД, Франција, Холандија и на Белгија.
Во Каиро се одржува и нова рунда разговори за примирје во кои учествуваат Египет, Катар и САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
