Ефикасноста на Спутник В е 97,6 отсто меѓу 3,8 милиони вакцинирани Руси
Ефикасноста на руската вакцина против коронавирус Спутник В изнесува 97,6 отсто, заснована врз анализа на податоците за процентот на имунизирани Руси, соопштија Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја и Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF)
– Вакцината Спутник В покажа ефикасност од 97,6 отсто врз основа на анализата на податоците за степенот на инфекција со коронавирус меѓу оние во Русија, кои се вакцинирани со двете компоненти на Спутник В, се наведува во соопштението.
Според податоците од 3,8 милиони Руси, вакцинирани со двете компоненти на Спутник В од 5 декември до 31 март, степенот на инфекција, почнувајќи од 35-от ден од датумот на првото инјектирање, е само 0,027 проценти, во споредба со 1,1 процент на инциденца меѓу невакцинираните.
– Податоците и пресметките за ефикасноста на вакцината ќе бидат објавени во медицинските списанија следниот месец, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати