ЕДС е приватен економски субјект
Ги повикуваме сите политички субјекти да се воздржат од какви било политички изјави за ЕДС како економски субјект. Како компанија ниту сакаме, ниту имаме намера да бидеме предмет на политички препукувања.
Секоја приватна фирма во процес на продажба има право да преговара со заинтересирани купувачи. Грчката ППЦ со ЕДС најде интерес за ширење на своето портфолио, а ЕДС зад себе ќе има голема интегрирана енергетска компанија со сопствено производство на електрична енергија, со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот и ќе се обезбедат уште подобри услови за своите клиенти. ЕДС е македонска старт ап компанија која се разви во влијателен учесник на пазарот за електрична енергија во регионот и од тој аспект е пионер во оваа област и претставува гордост на нејзините вработени и на македонската економија. Секоја фаза на продажбата како и досега ќе биде објавена транспарентно. Постапката е сериозна и е водена од релевантни меѓународни ревизорски куќи.
Ја потсетуваме јавноста дека целиот процес на продажба започна поради вклучувањето на сопственикот на ЕДС, г-динот Кочо Анѓушев во извршната власт. Одлуката за продажба донесена пред неколку месеци е со цел да се избегне секаков судир на интерес на компанијата со вршењето на функцијата Вицепремиер. Секое поврзување на овој процес со национални и стратешки интереси на државата од страна на политичарите може да се третира само како несериозно, бидејќи националните и стратешките интереси немаат цена.
ВМРО ДПМНЕ со неодговорното искажување невистини нанесува штета на угледот и честа на ЕДС и затоа го повикуваме истите или да ги поткрепи со докази и факти или да понуди јавно извинување кон ЕДС. ЕДС ќе направи сè да го зачува брендот и угледот што го изгради како регионално силна компанија, посебно кога станува збор за изјави на економски неискусни и економски неписмени политичари.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите