Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос

Глобалната ноќна економија учествува со околу 3 % од светскиот БДП и вработува едно од десет лица, покажува новиот извештај на Night Time Foundation, претставен во Давос.
Резимето на Глобалниот извештај за ноќната економија 2026 година е објавено на македонски јазик од платформата Терапија.мк, која го пренесува овој значаен документ до домашната јавност, отворајќи простор за поширока дебата за улогата на културата, урбаниот живот и економијата по зајдисонце.
Според клучните наоди, околу 3 % од глобалниот бруто-домашен производ е директно поврзан со ноќната економија, со проценето годишно влијание од 3 до 4 трилиони долари. Дополнително, едно од десет лица во светот работи во овој сектор, без во оваа бројка да се вклучат секундарните и индиректните работни места кои зависат од него. Овие податоци јасно укажуваат дека ноќната економија не е маргинален културен феномен, туку суштински дел од современите економии.
Извештајот, изработен од Night Time Foundation, беше меѓународно лансиран на World Economic Forum и претставува прв обид за систематско и сеопфатно мапирање на ноќната економија на глобално ниво. Документот, познат како NTER (Night Time Economy Report), обединува над 300 релевантни студии од различни земји и сектори, создавајќи основа за политики, урбано планирање и културен развој.
Во извештајот се нагласува дека ноќната економија опфаќа широк спектар активности – од музика, клубска и фестивалска култура, до угостителство, транспорт, туризам, безбедност и креативни индустрии. Истовремено, се посочува дека градовите кои стратешки инвестираат во овој сегмент бележат поголема социјална кохезија, културна динамика и економска отпорност.
Како платформа која со години го следи и поддржува развојот на клубската култура, независната сцена и урбаната креативност, Терапија.мк оценува дека овие податоци се исклучително релевантни и за македонскиот контекст. Поддршката на културата што се развива „одоздола нагоре“, како и препознавањето на заедницата како двигател на урбаниот идентитет, се клучни за одржлив развој на градовите, вклучително и во Македонија.
Извештајот отвора прашања за тоа како институциите, локалните власти и културните актери можат подобро да ја разберат и интегрираат ноќната економија во јавните политики, не само како економски ресурс, туку и како простор за културна размена, социјална инклузија и современ урбан живот.
Целиот извештај може да се погледне на следниот линк.
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
