-->
-->
Едно лице загина при пад на полски воен авион
-->
Во северниот дел на Полска се урна авион МиГ-29 на полското воено воздухопловство, а пилотот загина, иако успеал да се катапултира.
Авионот се урна околу два часот по полноќ во близина на местото Сакув, на ливада на околу половина километар од најблиските куќа, а по падот се запалил.
Пилотот успеал да се катапултира, но неговото безживотно тело е пронајдено неколку стотина метри од остатоците на авионот.
- Пилотот кој трагично загина имаше 800 часови во воздух, од тоа над 500 во авиони од типот МиГ-29, во кои извршуваше и борбени дежурства. Повеќе пати учествуваше во полски и меѓународни воени вежби се наведува во соопштението од полското Министерство за одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата