Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје
На подрачјето на СВР Скопје викендов се случиле вкупно 15 сообраќајни несреќи. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со полесни четворица возачи и еден сопатник, додена во останатите девет со полесни повреди се здобиле 16 лица.
Во петокот (10 февруари) се случиле шест сообраќајни незгоди. Во три од нив три лица се полесно повредени, а во три причинета е само материјална штета.
Четири сообраќајни незгоди се случиле во саботата, од кои во три со полесни повреди се здобиле четири лица, а во една е констатирана материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на пет сообраќајни незгоди. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со полесни четворица возачи и еден сопатник. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во една е причинета материјална штета.
Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 107 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 48 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор за пешаци. Затекнати се и 76 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 92 возила.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ООУ „Владо Тасевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување