Едно лице почина од високите температури во Албанија
Тропските горештини ја однесоа првата жртва во Албанија.
Станува збор за 77-годишен жител од градот Кучово, кој од случајни минувачи бил најден на улица во безсознание, на неколку километри оддалеченост од неговиот дом. Веднаш бил траспорторан во регионалната болница во Берат но лекарите само констатирале смрт.
-По извршената судско-медицинска проверка врз жртвата, Ферит Кучи, било утврдено дека смртта настапила поради „kardiomiopis dilatuar“ или поинаку наречено „проширување на срцето“. Според лекарите оваа дијагноза ги погодува хронично срцево болни и е последица на дехидратација, наведува агенцијата Балкан веб.
Последните три дена во Албанија дневнатата температура достигна над 40 степени Целзиусови. Во градот Кучово живата во термометарот се искачи на 41 степен.
Во Албанија секое лето, високите температури земаат по најмалку пет жртви.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива