Една третина од Словенија ќе добие 5G мрежа до крајот на годината
Телеком Словенија почна со воведување на првата комерцијална 5G мрежа во земјата со употреба на постојни базни станици во рамките на фреквенцискиот спектар од 2600 MHz кој се користи за 4G.
Компанијата соопшти дека 5G мрежата првично ќе покрие околу 25 проценти од територијата на земјата, и дека до крајот на годината тој процент ќе надмине 33 отсто.
Словенечкиот национален телекомуникациски оператор најави дека подобрената 4G/5G мрежа ќе овозможи побрз трансфер на податоци од онаа што ја обезбедува мрежата LTE/4G.
Сепак, целосниот потенцијал на 5G мрежата, како што е соопштено, ќе биде достапен само кога ќе се одобри дополнителниот спектар на фреквенции.
Досега, Телеком Словенија има надградено 150 базни станици, што опфаќа околу една четвртина од територијата на земјата, а компанијата очекува дека со понатамошни надградби, покриеноста ќе надмине 33 проценти до крајот на оваа година.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро