Една година пиела лимон, мед и вода секое утро, еве го резултатот

Кристал Дејвис е млада жена која ја сподели својата неверојатна приказна со милиони лица ширум светот кои не веруваат во моќта на природните лекови.
Нејзината приказна започнува пред 1 година, кога се разболела од грип, а лековите од аптека не и помогнале.
„Лековите од аптека воопшто не ми помогнаа, а бев се послаба. Една жена ми препорача да пијам топла вода со мед и лимон секое утро. Се разбира, реагирав скептично, но решив да ја послушам затоа што не гледав попаметно решение. Грипот помина, но пијалакот ми премина во навика.
Започнав да го пијам секој ден и таа традиција веќе трае 1 година. За тоа време организмот ми се трансформираше на неверојатен и неочекуван начин. Еве што сè се промени:
За 1 година ниту еднаш не настинав. Не ме мачат ниту болките во желудникот.
Морам да напоменам дека никогаш не верував во моќта на народната медицина. Бев роб на аптеките. Кога и да ме заболеше стомак – пиев таблети. Хроничен замор – пиев мултивитамини. Знам дека ме разбирате за што зборувам.
За 1 година не кивнав ниту еднаш. Моите главоболки се минато. Сега си носам мед и лимон каде и да тргнам. Го пијам овој пијалак дури и во хотели, на летување и зимување.
Веќе не пијам утринско кафе, а многу лесно се будам.
Мојот лимоно-меден коктел ме ослободи од зависноста од кафе. Сега имам многу повеќе енергија во текот на денот. Одлично спијам и се будам насмеана.
Порано за да се разбудам ми требаше по цел час. Сега не сум нервозна, заборавив кога последен пат чувствував напнатост.
Го убедив целото семејство да го следи мојот пример. Така, изминатава година сите сме ослободени од настинки и грип.
Не знам како делува овој магичен пијалак, но навистина делува. Премногу сум и благодарна на жената која ми го даде советот.
Мојот рецепт:
Обично за 1 чаша пијалак цедам половина лимон и додавам лажица мед. Мешавината ја преливам со зовриена вода. Го пијам пијалакот секое утро откако ќе се разбудам.
Како функционира?
Ги пребарав медицинските сајтови за да откријам за што се работи. И сфатив неколку важни работи.
Овој пијалак ве штити од инфекции на уринарниот тракт. Лимонот и медот ја стимулираат работата на системот за варење, а и го хидрираат дебелото црево. Како резултат добивате одличен лек против запек и циститис.
Медот содржи моќни антибактериски својства, а со самото тоа ве штити од секаков вид инфекции. Исто така, го тера желудникот да произведува повеќе сокови кои овозможуваат организмот поефикасно да ги елиминира токсините. Заради тоа многу полесно може да ја контролирате тежината.
Лимонот има многу позитивни својства кога се работи за здравјето на кожата. Исто така, ја прочистува крвта. Ако организмот го храните со лимон, многу побрзо произведува нови клетки.
Водата пак, го стимулира производството на колаген, што е неопходно за вашата кожа.
Во главно, топло го препорачувам пијалакот. Освен тоа, вкусен е. Едноставно, пробајте.“
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
