Единствената работа што мажите ја сакаат повеќе од сексот

Изгледа дека под силната фасада и мажите се ранливи суштества што само сакаат да бидат сакани и прифатени.
Терапевтот Стив Хорсмон успешно се занимава со совети за животот и држи работилници за мажите што сакаат да ги решат проблемите во нивните врски или бракови и да ги подобрат.
По неколкуте години искуство со мажите, тој дошол до занимлив заклучок што би можел да ги изненади жените.
Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите разговори со мажите. Нашите расправи се контрадикторни на женските сфаќања на мажите. Тие дефинитивно не сакаат само секс, вели Хорсмон.
Поточно постои нешто што им е подраго од сексот. Верувале или не, тој тврди дека нежниот допир во комбинација со вербално или невербално одобрување им е подраго на мажите од самиот секс.
Кога жената нежно со прстите го милува парртнерот и истовремено ја изразува својата поддршка и довербата во него, тој потег е помоќен од сексот, затоа што во тој миг мажот се чувствува силно и прифатено, тврди терапевтот.
А причината поради која мажите никогаш нема да признаат дека нешто толку едноставно им е подраго од сексот е тоа што тие се сигурни дека жените никогаш не би им поверувале за тоа.
По се изгледа и мажите под нивната силна фасада се ранливи суштества што само сакаат да бидат сакани и прифатени.
Ново на Сител
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
-

Од кандидат за градоначалник до поранешен судија: Пет имиња во трка за член на Судскиот совет
-

Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан
-

Дополнителни 186 милиони евра и нов рок за автопатот Кичево–Охрид
-

Струга веќе трета недела без питка вода за пиење
-

Грипот стивнува, но респираторниот синцицијален вирус периодов ги полни педијатриските амбуланти
-

Во Струмица одбележани 22 години од смртта на Трајковски
-

Пратенички прашања во Собранието
