Единствена Русија и партии од Балканот потпишаа декларација за формирање воено неутрална територија
Руската владејачка партија „Единствена Русија“ (ЕР) потпиша вчера Декларација за соработка со претставници на политички партии од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ и Бугарија, со која потписниците се залагаат за формирање воено неутрална територија на Балканот.
Потписниците на декларацијата укажуваат дека во рамки на намалени меѓународни тензии, посебно значење за ЈИЕ претставува развој на иницијативата - „низа балкански политичари за формирање територија на суверени и неутрални држави, во кои би биле Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ“, се наведува на сајтот на ЕР.
„Тој проект има за цел да стане стратешки, регионална доктрина и во иднина да биде инкорпориран во општоевропски разгледувања за нова континентална архитектура на безбедноста“, наведува партијата.
Потписниците на декларацијата изразуваат неопходност од барање заеднички „вонблоковски решенија“.
Во декларацијата се истакнува интерес за развојна соработка на балкански држави со земји од Евроазискиот економски сојуз, како и ширење соработка во трговско-економска, финансика, енергетска и други сфери.
Декларацијата од руска страна ја потпишал Сергеј Железњак, висок претставник на ЕР, на маргините на 15. Конгрес на партијата во Москва.
Во соопштението не се наведува кој ја потпишал декларацијата од балканскиот регион.
Ново на Сител
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО