Единаесетта жртва на коронавирусот во Штип
Штипјанец на возраст од околу 55 години е 11 жртва во коронавирусот од тој град. Тој во Градската oпшта болница во „8 Септември“ во Скопје бил примен пред неколку дена со други здравствени проблеми, а тестот покажал дека сепак е позитивен на вирусот.
Штипјанецот, кој почина беше вработен во Општина Штип и подолг период не бил на работа. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега се пристигнати позитивни резултати за 22 лица од Штип, од кои пет се работници од приватниот скрининг на штипската конфекција.
-Во тек се епидемиолошките анкети со остантите лица, на кои резултатите денеска им се пристигнати, по што ќе се утврди како се заразиле, односно дали се од постојните фабрички кластери или се контакти на веќе заразените, вели Димитрова.
Неколку конфекции во текот на денот им најавиле дека ќе ги затворат погоните со цел да не се шири вирусот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори