-->
-->
Еден загинат во пожар во болница во Солун
-->

Едно лице го загуби животот во пожарот што, ос засега непознати причини, утрово изби во болницата “Папаниколау” во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција соопшти дека на вториот кат од болницата било пронајдено безживотното тело на едно лице. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, пожарот е во Ковид клиниката, а сериозно се повредени двајца пациенти, додека пак останатите биле евакуирани и пренесени во други делови на болницата. Во гаснењето на пожарот учествуваат 30 пожарникари со 11 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
